Свет

Бројот на жртви од поплавите во централен Виетнам се искачи на 35

Бројот на жртви од поплавите во централен Виетнам се искачи на 35

Рекордните обилни дождови и поплави што го погодија централниот дел од Виетнам минатата недела одзедоа 35 животи, додека пет лица се водат како исчезнати, соопштија денес виетнамските службеници за управување со вонредни состојби.

Администрацијата за управување со катастрофи и насипи на Виетнам соопшти дека 35 жртви загинале во провинциите Хуе, Да Нанг, Лам Донг и Куанг Три, објави телевизијата CNA.

Древниот град Хој Ан, кој е дел од светското наследство на УНЕСКО, беше поплавен со вода до еден метар, а жителите се движеа низ градот во дрвени чамци откако локалната река се излеа на највисоко ниво во последните 60 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни