Брзо, лесно и едноставно: Рафаело топки без шеќер

Малкумина можат да му одолеат на кокосот и постојат прекрасни рецепти за колачиња и колачи кои го содржат.

Супер рецептите ви донесуваат еден од нив, но рецептот што следи особено ќе им се допадне на оние кои го сакаат вкусот на кокосот и внимаваат на внесот на шеќер .

Состојки:

300 гр крем сирење
50 гр меда
2 полни лажици млеко во прав
2 лажици кокосово масло
120 гр кокосово брашно
30 парчиња печени лешници

Подготовка:

Во сад измешајте сирење, мед, кокосово масло, млеко во прав и 100 гр кокосово брашно.

Најдобро е да се меша со раце , бидејќи состојките целосно ќе се соединат и ќе добиеме смеса од која лесно ќе се направат топчиња. Потоа со лажица одвојуваме дел по дел, внатре во секој дел ставаме по еден лешник и формираме топчиња. Се тркалаат во преостанатото кокосово брашно и се сервира.