Балкан

Бугарија пред нови избори? На 31-ви распуштање на парламент, на 2-ри април гласање

Бугарија пред нови избори? На 31-ви распуштање на парламент, на 2-ри април гласање

Откако денеска „Продолжуваме со промените“ го вратија мандатот кај бугарскиот претседател Румен Радев, сега останува последната можност, односно претседателот по сопствено убедување да го доделу мандатот на некоја од политичките партии.

Претседателот има рок од една недела да го предаде третиот мандат, односно до 16 јануари. Партијата што ќе го земе, нема временско ограничување за враќање, но се претпоставува дека две недели се прифатлива временска рамка, објави БТВ.

Така, веќе на 31 јануари, доколку мандатот пропадне, претседателот може да го распушти парламентот и да ги закаже изборите.

Се чини се пореално дека датумот на следните избори ќе биде 2 април. Секако, сето тоа може да се избегне доколку со третиот мандат се формира кабинет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни