Бугарија забранува купување државјанство, нема веќе продажба на пасоши

Бугарија во план за укинување на Законот кој овозможува „купување“ бугарско државјанство преку инвестирање во државата, соопшти бугарското Министерство за правда

Овие законски измени следат по извештајот на Европската комисија во кој се предупредува Бугарија дека со тој закон се овозможува странски организирани криминални групи да се инфилтрираат во Европската Унија и да се зголеми ризикот од перење пари, корупција и затајување данок.

Во Бугарија странец може да добие пасош, кој ги отвора вратите за престој во повеќето земји на Европската унија, доколку во државата инвестира од еден до два милиони лева или од 500.000 до еден милион евра.

Законските измени, како што е наведено во соопштението на Министерството за правда, ќе ги  зајакнат контролите и правилата за доделување државјанство на лица со бугарско етничко потекло.

Извор: ТВ21