Иако постојат многу начини за правење бурек, еден од најдобрите рецепти го претстави популарната инфлуенсерка од Турција Ајсенур Алтан. На својот канал на Јутјуб таа објасни како Турците им подготвуваат омилено јадење на многумина.
Во продолжение ви пренесуваме рецепт за токму ваков бурек. Интересно е што го подготвува во тавче, а не е мрсен како тој од пекара.
Исто така, доколку одлучите да направите бурек по овој рецепт, може да биде готов за 15 минути.
Состојки:
кори за пита,
1 јајце,
1/3 чаша млеко,
1/3 чаша растително масло
200 гр фета сирење или ситно сирење.
1 лажичка сечкан магдонос.
Подготовка:
Најпрво убаво измешајте ги сирењето и магдоносот, а во сирењето по желба можете да додадете и малку моцарела.
Се матат јајцето, па се додава млекото и растителното масло, се додава смесата од сирење и магдоносот и се се меша. Намачкајте ја тавата со масло и наредете ги корите по рабовите така што ќе покријат половина од дното на тавата.
Дел од подготвениот фил со лажица прелијте ја кората, односно долниот дел од тавата. Потоа искинете ги и изгужвајте ги корите и потопете ги во филот, за добро да се навлажнат, па наредете ги на плехот.
Потоа преклопете го бурекот со деловите од кората кои висат преку работ на тавата и покријте го со филот.
На крајот се покрива со остатокот од филот. Покријте ја тавата и печете додека бурекот не порумени, па свртете и печете уште малку. Послужете со ладен јогурт.