Глогот делува смирувачки на централниот нервен систем, па затоа се препорачува негова употреба при зголемена раздразливост и несоница. Во народната медицина се препорачува употреба на глог за ублажување на симптомите на менопауза, треска, за смирување на кашлицата, во вид на облоги за смирување на болки при болести на уринарниот тракт и како седатив при епилептични напади.
ајот од глог е најпознат по неговата медицинска употреба и првенствено за кардиоваскуларното здравје. Активните соединенија се добиени од лисја, цветови и плодови, кои имаат непријатен мирис и малку горчлив вкус.
Чајот од глог како лек е корисен и за лекување на анксиозност. Примарни симптоми на анксиозност се стегање во градите и палпитации.
Рецепт
Истурете 1 чаша врела вода над 1 лажичка цветови или лисја од глог – или мешавина од двете. Оставете го чајот да отстои 10 минути, а потоа процедете и пијте по 1 шолја чај секое утро и навечер неколку месеци (почетокот на неговото дејство е многу постепен).
Пред да користите чај од глог за медицински цели, треба да се консултирате со лекар.