Најпознатиот систем за вештачка интелигенција, ChatGPT , е нефункционален. Корисниците не можат да испраќаат барања, а апликацијата и веб-страницата пријавуваат грешка секој пат кога ќе се обидат да се најават.
Бројот на пријави за падови на системот постојано расте. Многумина се жалат дека нивната работа е целосно блокирана, поради што дефектот масовно се дискутира на социјалните мрежи.
Експертите од OpenAI работат на отстранување на грешката. Иако системот повремено се враќа во функција кај некои корисници, услугата останува нестабилна .
