Четири амандмани поднесе Беса на Касами

Пратеникот Фадил Зендели на прес конференција рече дека партијата на Касами поднесе четири амандмани на Уставот.

Од таму бараат албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот, државата да се грижи за сите свои граѓани во дијаспората и претседателот на државата по второто гласање закон или друг акт во Собранието да нема право на вето.

„Тоа не е речник или филозофија на нашата политичка партија. Ние сметаме дека ова е демократско право и дека со години се наметнува и ја оптоварува политичката сцена и дека во овој момент кога се отвора Уставот би требало да се решат“, изјави Зендели.