Четири маркети добија казни од по 50 илјади евра поради картелско здружување

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва, односно маркети, како и Сојузот на стопански комори на Македонија како координатор, учествувале во забранет договор или усогласено однесување.

Како што велат од Комисијата, утврдено е дека на состанок одржан на 5 февруари 2025 година учесниците постигнале усогласен став за неприфаќање нови или зголемени ценовници од добавувачите, со што ја замениле состојбата на независно пазарно однесување со состојба на практична координација.

Поради тоа, изречени се прекршочни глоби во износ од 50.000 евра за секое од трговските друштва, односно маркети, додека на Сојузот на стопански комори на Македонија е изречена глоба во износ од 18.500 евра.

ФОТО: Архива