Државната изборна комисија на вечерната седница соопшти дека во четири општини ќе се одржи прегласување поради тоа што не е исполнет цензусот на излезност.
Прегласувањето ќе се одржи во општините Врапчиште, Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Гостивар.
Според податоците од првиот круг на гласање, излезноста во овие општини беше релативно ниска:
- Врапчиште – 25,18%
- Маврово и Ростуше – 30,31%
- Центар Жупа – 21,49%
- Гостивар – 33,31%