Михаил, Леонтина, Тодор и Ведран – познатата четворка од Штип вчера го прослави својот 2 роденден.
По тој повод мајката Благица упати емотивна честитка на социјалните мрежи.
„Среќен втори роденден,на нашите четири душички! Денес славиме две години безусловна љубов, смеа и најубавата музика вашите чекори, насмевки и гласчиња што го исполнуваат домот со радост. Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцрпна енергија и љубовта што ни ја подарувате ни ја топлат душата секој ден. Сè што ви посакуваме е да растете живи и здрави, среќни, весели и секогаш свои. Нашите четири срца со вас животот има најубаво значење“, напиша таа.
Интересно е што оваа четворка е втора по 27 години во Штип. Првата родена четворка била во 1997 година.
Нашиот тим им посакува безгрижно детство, а за родителите само радост.