Долго време ракоплескаа стоејќи. Оваа сцена беше повторувана неколкупати синоќа за време на четиричасовниот состанок на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Одлуките кои Комитетот ги донесе преку тајно гласање е разрешување од сите партиски обврски на потпретседателот Митко Јанчев и на членот на Извршниот комитет, Константин Богданов. Највисокиот комитет на опозициската партија побара од општинските комитети да ги исклучи од членство и екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков и на поранешниот министер, Никола Тодоров. Овие разрешувања, како што нагласи потпретседателот Александар Николовски, се резултат на дејствата преземени против партиските интереси, притисоците, влијанието и купување на гласовите на пратениците од опозицијата, за што е побарано и истрага од Обвинителството.
ВМРО-ДПМНЕ побара оставка и од осумте пратеници кои гласаа „за“ потребата за отворање на Уставот. Разрешување ќе има за секој пратеник кој во иднина ќе гласа „за“ уставните измени, најавија од опозициската партија. Според Николовски, овие разрешувања ја чистат партијата од лошото и ја враќаат на почетните идеали. Но, според Филип Петровски, кој постојано бараше реформирање во структурата на ВМРО-ДПМНЕ, овие драматични случувања можат да ја однесат партијата во уште подлабока изолација и поделба.
Според Петровски, ВМРО-ДПМНЕ требала да го каже својот став пред 8-те пратеници да гласаат за потребата од устави измени за да ги заштити од поткуп и евентуални закани. Засега, иднината на најголемата опозициска партија, според Петровски, е нејасна и матна.
Репортер: Бесир Арифи
