Чоколаден колач за околу 150 денари: Неодолива фантазија од која ќе замириса цела куќа

Ви треба:

– 3 јајца
– 100 гр шеќер
– 100 гр чоколадни наполитанки
– 100 грама брашно
– рендана кора од портокал
– 1 ванилин шеќер
– 200 мл кисело млеко
– 1 прашок за пециво
– 30 мл масло

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Јајцата се матат со шеќер, па се додаваат мелените наполитанки, брашното со прашокот за пециво, кората од портокал, ванилиниот шеќер и маслото. Добро измешајте ги сите состојки. Префрлете ја смесата во плех обложен со хартија за печење. Печете 40 минути во рерна загреана на 200 степени. Можете да го прелиете со растопено чоколадо или да декорирате по желба. Добар апетит!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното