Чоколадни топчиња од кикиритки – слатки закуски за Денот на вљубените

Доколку сакате да ја израдувате вашата сакана на Денот на вљубените, тортите или чоколадните колачи се вистинскиот избор.

Состојки:

– 150 гр маргарин
– 150 гр шеќер во прав
– 50 мл млеко
– 400 гр мелени бисквити
– 150 гр мелени ореви
– 100 гр печени кикирики
– 200 гр чоколадо

Рецепт за чоколадни топчиња од кикирики:

Во сад измешајте ги маргаринот и шеќерот во прав, па истурете млеко. Добро измешајте со миксер, па додадете ја мелената плазма, изблендираните кикиритки и оревите. Сè добро соединете.

Земете малку од смесата и формирајте топчиња со големина на ореви. Наредете на плех и ставете во фрижидер додека ја правите глазурата.

Растопете ја чоколадата и во неа расукајте ја секоја топка. Се редат на плех, па се ставаат во фрижидер еден час да се стегне чоколадото.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното