Чоколадно задоволство – Толку сочно и богато со вкус

Можеме да кажеме дека овој декадентен чоколаден рај е всушност брауни маскиран во торта. Таков сочен, богат вкус дефинитивно треба да се најде на списокот на секој љубител на чоколадо.

Состојки:

170 грама путер (маргарин)
340 гр чоколадо за готвење
6 јајца
1 лажица екстракт од ванила
30 г какао
¾ лажичка сол
200 гр шеќер

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени и намачкајте и набрашнете калап за колачи со дијаметар од 23 см.

Соединете ги путерот и чоколадото во помал сад на тивок оган. Мешајте цело време додека двете состојки не се растопат и добро се соединат, па тргнете го од оган.

Од шесте подготвени јајца издвојте четири и одвојте ги жолчките од белките во два поголеми чинии. Во садот со жолчките ставете ги екстрактот од ванила, какаото, солта, преостанатите јајца и половина шеќер (100 гр).

Убаво измешајте да се соединат состојките, па додадете го подготвеното чоколадо, повторно добро измешајте и оставете го на страна.

Со миксер направете снег од белките и постепено додавајте шеќер.

Снегот внимателно измешајте го во чоколадната смеса и добиената смеса истурете ја во подготвениот калап за колачи и измазнете го со шпатула.

Ставете ја во рерна и печете 35 до 40 минути. Ќе знаете дека тортата е готова кога површината на средината на колачот малку ќе испука, а вметната чепкалка за заби ќе излезе чиста и сува.

Пред послужување оставете го целосно да се излади, па посипете го со какао или шеќер во прав, а одозгора можете и со шлаг и бобинки.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното