Еден човек од тајландската провинција Хон Каен „воскресна“ на својот погреб и тоа поради грешка на полицијата.
Имено, полицијата на 18-ти јануари пронашла починат неидентификуван маж кој бил премрзнат на улица, за кој сметале дека е жител на рурална област на една од провинциите.
Посмртните останки биле испратени на вештачење, а информирано било и семејството на човекот за инцидентот и советувано да започнат со подготовките за погребот.
На 20 јануари роднините на мажот почнале да ги вршат соодветните ритуали, а неговиот помлад брат отишол во Хон Каен за да ги провери резултатите од тестот.
Роднина на „починатиот“ се сеќава дека лицето по име Фет имал тетоважа на грбот, но таа не била на неговото тело во лабораторија, но тој не бил сигурен во точноста на своите сеќавања и решил да го чека целосниот извештај од лекарите.
Набрзо добил повик од родниот град дека Фет се вратил дома и бил многу шокиран што се нашол на сопствениот погреб.
Таткото на „воскреснатиот“ човек изјавил дека Фет заработувал со препродажба на рециклирачки производи и често го напуштал домот неколку дена или повеќе. Овој пат го немало многу долго, поради што мислеле дека е мртов.
По ова, роднините и соседите го претворија погребот во прослава на нивна радост.