Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Балкан

Чуден бакнеж на хрватскиот министер со германската колешка

Чуден бакнеж на хрватскиот министер со германската колешка

Бакнежот на хрватскиот министер за надворешни работи за германскиот министер за време на средбата на европските министри во Берлин предизвика полемики во двете земји.

Гордан Грлиќ-Радман прво се ракуваше со германската министерка Аналена Бербок, а потоа и пријде да ја бакне.

Одредени медиумски извештаи во Хрватска го критикуваа неговото однесување, а Рада Бориќ, активистка во борбата за правата на жените, го опиша инцидентот како „многу непримерен“.

Својот потег Грлиќ-Радман го оправда велејќи дека тоа е „топол, човечки однос кон колешка“.

Министерката Бербок се уште не се изјаснила во оваа прилика.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни