Познатиот рапер Андре Ромел Јанг, попознат како Д-р Дре тежи околу 800 милиони долари, но неговата најстара ќерка Латања Јанг тврди дека тој одбива да ѝ помогне финансиски, и покрај фактот дека е бездомничка и мора да живее во автомобил.
Инаку, таа работи како доставувач на храна и е вработена во складиште.
Латања за „Дејли Мејл“ посочи дека не може да си дозволи да плаќа кирија, па спие во изнајмено возило. Таа е и самохрана мајка на четири деца – Татјана (16), Ријана (13), Д’Андреа (8) и Џејсон (3), за кои нашла сместување.
„Моите деца живеат со пријатели, не живеат во автомобил. Само јас!“, истакна таа.
Таа вели дека постојано барала од нејзиниот татко да и помогне, но во последниве 18 години не добила ни долар од него.
Инаку, таа е ќерка на Д-р Дре и Лиза Џонсон, со која се разделил пред 33 години, кога ќерка им имала само пет години.
