„Да му покажела државата сила на Палчо уште во 1990-тите години кога ја изгради првата дивоградба, сигурно Вања ќе беше жива“

Пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК.мк:

Македонската јавност за кусо време беше соочена со уште една мачна лекција како неказнивоста убива. Не познавам човек што не е згрозен од деталите од сведочењето за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска за кое му се суди на Љупчо Палевски-Палчо.

Да му покажела државата сила на Палчо уште во 1990-тите години кога ја изгради првата дивоградба во скопско Дебар Маало, сигурно тинејџерката Вања од Скопје и колатералната жртва Панче Жежовски од Велес сега ќе беа живи. До 1990-тите не ни знаевме што е дивоградба во центар на град. А сега тоа е веќе пракса од која никој не е изненаден. Инспекциите му скршија три-четири ѕида на дивоградбата и после уште и си наплати милионска отштета од државата. Толку беше важен Палчо, што од банкрот го спасуваа државни институции, му се вселуваа во деловните простори на зградите за кои немаше ни имотни листови, ни употребни дозволи. Тоа тогаш беше шокантно, сега е вообичаено.

И така осилениот Палчо, кому никој ништо не му може, стана многу важен фактор во општеството – претседател на градската организација на СДСМ, бизнисмен, газда на весници и телевизија, градежен инвеститор… Насади една зградурина на крајот на Партизанска, каде што требаше да се копа подземна сообраќајница до пред Железничката станица. Оти, никој не можеше да му каже „не“, мораше да биде „да“. Па и тоа после стана нормално. Па формираше своја партија, па парадираше пред камери оти имаше нешто многу важно да каже, па после уценуваше со прислушкувани разговори и тргуваше со снимени цедеа. Го прибраа малку на распит и – го пуштија. Да завршеше тогаш в затвор, сигурно Вања ќе беше жива.

Сега сме згрозени од сведочењата за леснотијата со која испукал куршум во главата на преплашено 14-годишно девојче и за дупките што ги копал за таму да ги става киднапираните врзани со тегови на нозете. Факторот Палчо, кому во давањето сила му помагале политичари, бизнисмени, инспектори, полицајци, истражители, судии, обвинители, новинари, што ги толерирале неговите криминали и го спасувале од затвор…

Сите тие се соучесници на монструозните криминали на Палчо. Нека си ја носат на душа тинејџерката Вања.

Читаја колумната во целост

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното