Кандидатот на Влен за градоначалник на Брвеница, Хаќим Рамадани беше во Хамбург, Германија каде заедно со својот противкандидат од ДУИ бараа гласови за да победат на локалните избори во Македонија.
Рамадани потврдува дека соработуваат со ДУИ со цел да се победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник Јовица Илиевски.
Како што вели треба да се знае кој е газда на својата земја, и дека општините како Кичево, Брвеница, Тетово и секаде каде се мнозинство Албанците мора да ги води Албанец.