Дачиќ: Бараме итна седница на Советот за безбедност на ОН, поради одлуката на Приштина

Србија денес ќе побара одржување итна седница на Советот за безбедност на ОН, поради најлошото кршење на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН со донесување одлука на Приштина за формирање косовска армија, рече српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

“Ова е најдиректна закана за мирот и стабилноста во регионот и за безбедноста на српскиот народ што живее во Косово и Метохија”, изјави Ивица Дачиќ за Танјуг .

 

Извор: ТВ21