Дачиќ: Нема да толерираме насилство, нема имунитет кој ќе ги заштити одговорните за инцидентот во Собранието

Министерот за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ изјави дека секој што учествувал во инцидентот во Народното собрание ќе одговара за своите постапки согласно законот и дека имунитетот нема да може да ги заштити.

„Сите кои учествуваа во инцидентот што се случи на Првата пролетна редовна седница на Народното собрание на Република Србија ќе одговараат за своите постапки согласно законот. Никогаш нема да толерираме насилство, а секој поединец мора да ја разбере тежината на нивните постапки и последиците што ги носат“, рече Дачиќ.

Тој посочи и дека нема имунитет кој ќе ги заштити одговорните.

„Нема имунитет кој ќе заштити некого од одговорност за вакво однесување. Секој што се обидува да ја дестабилизира и понижи институцијата која е највисок орган на законодавната власт и се нарекува Народно собрание, всушност го уништува и понижува сопствениот народ“, рече министерот Дачиќ.

Тој изјави и дека „во историјата на Србија никогаш во Народното собрание не биле употребени димни бомби и солзавец, јајца и шишиња“, како и дека се што се случи денеска во Собранието е само „дел од поширокиот план за дестабилизација и уништување на Србија“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното