Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, оцени дека разграничувањето на Косово и Метохија е еден од предусловите за трајно стабилните односи меѓу Србите и Албанците, но додаде и дека ова не е магично стапче ,”ниту е тоа целосно решение”.
„Србите во Косово мора да имаат долгорочни гаранции за безбедноста и просперитетот, да уживаат целосни граѓански и политички права, кои како што тој ги оцени “одамна не се случај”.“, изјави Дачиќ.
Министерот рече дека историско и културно наследство мора да биде максимално заштитено, а државниот имот и имотот на граѓаните да се врати, насекаде каде е узурпиран. За сето тоа треба да се постигне договор со Албанците и да се добие гаранција од најважните земји во светот.