Дали е ова најубавата натпреварувачка на Евровизија?! – Неодоливата претставничка на Кипар ја „запали“ сцената

Претставничката на Кипар на овогодинешната „Евровизија“, талентираната Андромаха, со недели важи за најубава учесничка на фестивалот. Само што излезе на сцената, број 9 во второто полуфинале, нејзиниот настап ја маѓепса публиката во арената во Торино, но и ширум светот. Социјалните мрежи се преполни со коментари за изгледот на претставничката на Кипар, но и песна чиј ритам лесно се памети. Да потсетиме, освен претставничката на Македонија, вечерва настапија и претставници на Финска, Израел, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Србија, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија. Се натпреваруваат и Шведска и Чешка.