Дали граѓаните ќе имаат дрва за огрев зимава? Трајанов: Морам да зборувам со резерва

Здравко Трајанов, директор на ЈП Национални шуми беше гостин во „Дејли Клик“ на ТВ21.

Го прашавме дали граѓаните зимава ќе имаат доволни количини огревно дрво, при што тој одговори дека мора да биде резервиран околу тоа прашање.

„Дали граѓаните ќе имаат доволно количини на огревно дрво, морам да оставам одредена резерва. Ние имаме обврска кон физички лица на многу мала количина, и имаме испорачано 80% и за краток временски период ќе ги звршиме стие наши обврски. Одредена количина на дрва ќе симнеме во склад. Дрва во приватните плацови има, но со драстично поголема цена, и тука веќе не можам да коментирам, затоа што тие се снабдуваат од различни места“, изјави Трајанов.