Повеќето од нас, ако не сме користеле оцет и сода бикарбона во чистењето, барем сме слушнале колку е ефикасна нивната комбинација и колку ни олеснува. Површина покриваме со сода бикарбона, одозгора сипуваме оцет, а останатото го прави пената која се создава од нивната реакција. Но, дали е толку ефикасно како што мислиме?
Според науката, нивното комбинирање сепак не прави многу. Сода бикарбона реагира со оцетот и резултатот е создавање јаглеродна киселина. Јаглеродната киселина е прилично нестабилна, нејзината ефикасност се распаѓа многу брзо, бидејќи многу брзо се одвојува во вода и јаглерод диоксид. До моментот кога ова е направено, нашата смеса во основа исчисти сè што може да исчисти.
Кога треба да користиме сода бикарбона и оцет?
Ова не значи дека нема причина да се користи оваа практика при чистење.
Има две главни намени. Пената која се создава од реакцијата на овие две компоненти може да ни помогне да се ослободиме од дамките или со притисокот што го создава да ги отпуштиме мијалниците итн. Но, мора да знаеме дека секоја ефективност на нивната комбинација завршува веднаш штом се раствори пената на реакцијата. Тие се неутрализираат едни со други наместо да ги здружуваат силите. Уште подобро и поефективно, во однос на чистењето на површините и приборот, е да ги користите одделно, а не во исто време.