Македонија

Дали Македонците ја прифаќаат Беса во изборната кампања како дел од коалицијата „Можеме“?

По предизборната коалиција помеѓу СДСМ и Беса, го прашавме Касами како Македонците ја прифаќаат оваа коалиција

„Секако дека сме добро пречекани и од Македонците и од другите. Јас за прв пат на овие избори во 2020-та,  што не се случило во 2016, имам изборна кампања во Пласница, каде колку да знае јавноста, вториот носител на ДУИ во ИЕ5 е градоначалникот на оваа општина. Значи јас за прв пат како Движење Беса присутен сум во Пласница со активности и со структура и секако дека имавме комуникација и со македонската заедница. Во Тетово организиравме трибина на „Коалицијата Можеме“ каде присуствуваа и Албанци и Македонци, Турци, Роми и други. Истото се случи во општина Теарце…“, вели Касами за ТВ21.

https://business.facebook.com/673190229477851/videos/274161907183815/

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни