Дали Меџити за Гранит смета дека е многу блиска до ДУИ?

Првиот вицепремиер Изет Меџити, реагираше за информативните табли во близина на границата Блаце, каде што го немаше албанскиот јазик. Меџити кажа дека тоа го сторила фирмата која била задолжена за сигнализацијата, фирма која била блиска до ДУИ, притоа првиот вицепремиер не прецизираше за која компанија станува збор. Дали Меџити за Транит смета дека е многу блиска до ДУИ?

„Но ние реагиравме институционално и преку ноќ се исправи грешката што ја направија оние кои со години прават вакви грешки, кои ја користат секоја прилика да ја дестабилизираат политичката ситуација. Покрај фирмата што го направи патот, тоа го направи и фирмата што го доби тендерот за сигнализација што е блиска, многу блиска со Демократската Унија за Интеграција. И ова беше тенденциозен и неуспешен обид за дестабилизација. Денеска, со реакција на Владата, табелата е вратена како што треба да биде врз основа на Законот за употреба на јазиците на македонскиот и на албанскиот јазик“, рече Меџити.