Биткоинот е познат по својата нестабилност и дека е склон кон ненадејни скокови на цените и брзи промени кои можат да збришат милиони долари во вредност за само неколку минути. Овие промени често се мистериозни за набљудувачите на пазарот, поради недостатокот на врски на дигиталната валута со реалната економија.
Биткоинот има уште една необичност која е вградена во кодот на кој почива самата монета – формулата што ја регулира стапката со која се создаваат новите биткоини периодично се менува.
Додека во 2024 се очекува еден ваков настан – наречен преполовување (анг. halving) – поддржувачите на биткоинот и скептиците подеднакво дебатираат каков ефект може да има тоа врз вредноста на токенот.