Безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на 25 ноември. ОЈО Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта. Иако првичните сознанија упатуваа дека се работи за случај на самоубиство истрагата продолжува со испитување на мотивите кои биле причина.
Веднаш по настанот, дежурен јавен обвинител извршил увид на лице место и издал наредба за обдукција на телото на починатото девојче. При обдукцијата првично беше констатирано дека починатата на себе има и други повреди кои би можеле да упатуваат на нејзина припадност кон секта.
Во насока на проверка на овие индиции, јавниот обвинител дополнително издал наредба за токсиколошки испитувања и за анализа на биолошки материјал, како и наредба за вештачење на телефонот и на комуникацијата преку социјални мрежи на починатото лице, исто така побара и од МВР да изврши проверки и споредба со евентуално слични случаи во државата или надвор од неа, како и да изврши разговори со семејството, пријателите и соучениците на починатата девојка, како и со наставниот кадар во училиштето.