Здравје

Дали зелениот чај помага при слабеење?

Зелениот чај е веројатно најздравиот избор меѓу незасладените пијалоци, иако не може да биде замена за водата, во однос на него има некои предности кои влијаат на слабеењето.

Неколку шолји дневно може да влијаат на слабеењето, покрај одржувањето на здрав метаболизам.

Некои состојки во зелениот чај, како што се кофеинот и антиоксидансите полифеноли, помагаат за слабеење бидејќи позитивно влијаат на метаболизмот и го забрзуваат.

Полесно ќе вежбате

Иако звучи малку неверојатно, зелениот чај добро ќе ви дојде доколку вежбате. Кофеинот е стимуланс кој го активира нервниот систем, па затоа е полесно да се движите и полесно да ги извршувате физичките задачи.

Помага во намалување на шеќерот

Доколку консумирате многу шеќер, внесувањето на незасладен зелен чај во исхраната може да го поттикне телото да се навикне на помали количини шеќер, што неминовно води до губење на тежината.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни