Јапонската компанија Тојота е оценета како највредна марка во автомобилската индустрија во светот за 2025 година.
Британската консултантска компанија Branf Finance објави листа на 500 светски компании со највредни брендови на чело, а кои и понатаму се предводени од Apple, Microsoft, Google, Amazon и Walmart.
Сепак, јапонската Toyota ја зголеми вредноста на брендот за 23 проценти на годишно ниво и сега се наоѓа на 18-то место на листата и е највредната марка на автомобили.
Брендот Тојота е проценет на 64,7 милијарди долари, што е за 11,7 милијарди долари повеќе од вредноста на марката Мерцедес-Бенц, која беше највредната автомобилска марка минатата година. Трета највредна марка меѓу автомобилските компании е Hyundai, а потоа следат Tesla и BMW.
Во 2024 година, Тојота беше трета зад Мерцедес-Бенц и Тесла.
Списокот за сите брендови ги зема предвид приходите и цените на акциите, но вклучува фактори како што се договори за лиценцирање, прогнози за приходи, перцепција на брендот, одржливост и емоционална поврзаност на потрошувачите со брендот, што се собира преку анкети.
Накратко, тоа е и мерење на воочената вредност на брендот, а не само колку пари всушност има компанијата.