Македонија

Даниловски за мајмунските сипаници: Нема потреба од задолжителна вакцина

Даниловски за мајмунските сипаници: Нема потреба од задолжителна вакцина

Епидемиологот д-р Драган Даниловски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека нема потреба од задолжителна вакцина во однос на мајмунските сипаници.

„Во Македонија ќе се набавувало вакцина и лек специфичен, тоа е во ред. Саглам држава треба да има на лагер, односно на располагање и вакцини за егзотични болести. Ние мораме да имаме вакцини и за жолта треска и за колера. Меѓудругото и за мајмунски сипаници, добро е тоа што ќе биде набавено, но не доаѓа предвид некој да помисли дека сега не чека некаква фаза во која ќе се инсистира на масовна вакцинација на населението, тоа не доаѓа предвид“, вели Даниловски.

Според него, се работи за бенигно, неопасно и лесно заболување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни