Данскaта премиерка се сомнева дека Трамп ќе се обиде насилно да го заземе Гренланд

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека не верува оти новоизбраниот претседател Доналд Трамп би се обидел да го заземе Гренланд со сила.

Немаме причина да веруваме дека тоа ќе се случи“, изјави данскиот премиер.

Фредериксен изјави дека се обидува да воспостави разговори со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за неговите изјави за преземање контрола врз Гренланд.

„Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“, рече Фредериксен, додавајќи дека Данска е отворена за дискусии за американските интереси на Арктикот, јави Анадолија.

Претходно, Фредериксен се сретна со лидерите на политичките партии во данскиот парламент, вклучително и двајца претставници од Гренланд, за да ги информира за начинот на кој владата се справува со настаните.

„Направете го Гренланд повторно голем“

„Ние предложивме разговор. „Мислам дека ништо конкретно нема да се случи пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател“, рече Фредериксен.

Трамп, чија инаугурација е на 20 јануари, повторно го покрена спорното прашање на платформата Truth Social.

„Гренланд е неверојатно место и луѓето ќе имаат огромна корист ако и кога ќе стане дел од нашата нација. Ќе го заштитиме од многу злобниот надворешен свет. Направете го Гренланд повторно голем“, напиша Трамп.

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави во средата дека островот нема амбиции да стане сојузна држава во рамките на САД.

„Немам поим дали сме во надворешнополитичка криза. Сосема е легитимно американската страна да биде загрижена, а за тоа мора да биде свесна и Кралството Данска“, рече Расмусен.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното