Свет

Дарија од Виница, која го видела својот дом уништен од руска ракета на денот на нејзината венчавка

Дарија од Виница, која го видела својот дом уништен од руска ракета на денот на нејзината венчавка

Тажна жена во венчаница стои апсолутно мирна во разурнат стан. Приказната на Дарија Стениукова стана позната на социјалните мрежи откако украинскиот свадбен фотограф Олександр Демијанив објави фотографии од нејзината свадбена фотосесија.

Домот на Дарија беше погоден од руска ракета неколку дена пред нејзината венчавка. Тоа уследи по воздушен напад врз градот Виница претходно оваа недела, во кој загинаа најмалку 24 луѓе.

31-годишната учителка по јога се подготвувала за венчавката со Виталиј Завалниук, продавач на пијалоци, кога нејзиниот град бил погоден од ракета. Новото семејство се венча минатиот петок, но го одложи славењето за следниот ден бидејќи во нејзиниот роден град беше прогласена жалост.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни