4NEWS.mk

Дел од Маџари денеска без вода

Прекин во водоснабдувањето денеска од 8.20 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Благоја Стевковски“, „Карл Либнехт“ и „Темко Попов“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Благоја Стевковски“ бб во населба Маџари.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни