Како вообичаено, и овој четврток, последен од месецот, пратениците имаа прашања за Владата. Повеќето не добија одговор, бидејќи на седницата, министрите и нивните заменици не беа присутни.
Со оглед на тоа што министерот за образование, Арбр Адеми и министерката за правда Рената Дескоска, не присуствуваа на седницата наменета за пратенички прашања, Ласовска мораше да го праша премиерот Заев – колку учебници ќе бидат променети, по договорот за добрососедство постигнат со Бугарија?.
Пратеникот Антонио Милошоски, го праша премиерот – до каде се двете ветувања од 2017 година за Фејсбук и Гугл?.
Премиерот одговори дека откако Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО, можно е Фејсбук и Гугл да инвестираат во земјава.
На седницата пратениците поставуваа прашања од областа на економијата, правдата, културата и инфраструктурата.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ
