Делии на мечот со Зенит изведоа кореографија на руски војник: „Браќа засекогаш“

ФУДБАЛЕРИТЕ Црвена звезда и Зенит денеска во Белград на стадионот Рајко Митиќ играат пријателски натпревар кој привлече огромно внимание кај јавноста во регионот, но и во светот.

Се разбира, поради политичката ситуација и руската агресија врз Украина, која се уште трае.

Исто така, репрезентацијата на Србија неодамна одигра пријателски натпревар со Русија во Белград. Во него доживеа дебакл, беше поразена со високи 4:0, а овој меч меѓу Звезда и Зенит е продолжение на потенцирање на пријателските односи меѓу Русија и Србија.

Натпреварот се игра пред голем број навивачи, а Делии го искористија тој момент за кореографија за да им порачаат на Русите.

На кореографијата има руски војник, а под него е испишан натписот „Браќа засекогаш“.