4NEWS.mk

Делови од Карпош и Сарај утре без струја

Без електрична енергија утре од 9 до 11:30 часот ќе останат корисниците од булеварот „Партизански одреди“ зграда бр. 149 и локалите.

Во периодот од 12:30 до 15:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Борис Бојаџиски“ од бр. 13 до 42, од улицата „Николај Островски“ од бр. 40 до 50, „Moцартова“ од бр. 33 до 54 и улицата „Арсо Мицков“ од бр. 3 до 41, сите во Општина Карпош.

Од 9:00 до 14:00 часот утре без струја ќе бидат жителите од селото Сарај, улица „4“, на патот за село Љубин.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни