Демири за барањата во преговорите со Заев: Не бараме ослободување на криминалци

Движење Беса настојува дека нивните барања за уставни измени треба да се исполнат. Од партијата на Касами предложија четири амандмани, од кои три се однесуваат на уставните измени, а еден за законот за Устав. Портпаролот на оваа партија, Абдуш Демири е оптимист дека нивните амандмани ќе се прифатат бидејќи, како што рече, не се барања за ослободување на криминалци. Од Движење Беса бараат Преамбулата да ја отсликува мултиетничката реалност врз основа на големината, како и вметнување во преамбулата на албанскиот јазик и неговото писмо. Оваа партија преку амандманите бара во параграфот за државјанство да се отстрани зборот македонско за албанските граѓани. Второто барање е во параграфот за грижа на државата за дијаспората, граѓаните да се евидентираат според етничката припадност.

„Ние сме оптимисти дека барањата на Движење Беса ќе бидат исполнети бидејќи на крајот на краиштата не се барања за амнестирање на криминалци, туку барања кои низ историјата ги барале Албанците во Македонија и истите се аргументирани и логични. Затоа, веруваме и се надеваме дека ќе бидат реализирани“, вели Абдуш Демири – движење Беса.

Се вчитува...

Извор: ТВ21