Православните христијани денес ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на оние кои не напуштиле.
Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за душите на оние кои не се помеѓу нас.
Се вчитува...
Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат вечните домови каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен.
На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на оние кои не напуштиле.
