Светиот Македониј, патријарх Константинополски, управуваше со својата паства од 496 до 511 година.
Беше прогонет во Пафлагонија заради тоа што му се спротивстави на императорот Анастасиј I (491-518) кој ја имаше прифатено ереста на Евтихиј. Се упокои во прогонство, во 516 година.
Телото негово беше погребано во Цариград, во црквата на светиот Калиник. При опелото светителот се прекрсти.