Денот мина во мирна и фер и безбедна атмосфера. Искрени честити за граѓаните кои покажаа дека знаат што е демократија, порача на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој потенцираше дека демократијата, како што рече, станува дел од нашите животи.
-Во текот на целиот изборен ден граѓаните покажаа на дело што значи партнерскиот однос на МВР со граѓаните, потенцираше Спасовски.
-МВР одговори на сите пристигнати пријави. Не се регистрирани никакви посериозни инциденти и поголеми нарушувања на изборниот процес, рече министерот Спасовски кој нагласи, дека до 19 часот, нотирани се 31.7% намалување на пријавите во споредба со изборите во јули 2020 и се бележи најголемо намалување на изборните поткупи.
До МВР вкупно се пристигнати 114 пријавени настани, најмногу во Штип, Куманово, Битола и Скопје.