4NEWS.mk

Денеска е Преподобен Ефрем Сирин

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 јануари.

Денеска е Преподобен Ефрем Сирин.

Преподобен Ефрем се роди во 306 година во Нисивин, Сирија. Потекнуваше од родители христијани. Уште во раната младост го засака подвижничкиот живот. Подоцна стапи во клирот, но од смирение не напредуваше подалеку од ѓаконски чин. По освојувањето на Нисивин од страна на Персија се пресели во Едеса, каде што ја основа познатата Едеска библиска школа. По еден живот полн со непрестани подвизи и грижа за изградба на Црквата, овој голем светител го остави овој свет околу 373 година.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни