Преподобниот Григориј беше уште едно од светилата што застанаа во одбрана на почитувањето на иконите за време на царувањето на Лав Ерменецот.
Тој ја поднесе истата судбина како и останатите негови едномисленици, односно заради отвореното противење на еретичката волја на императорот беше отстранет од својата епископска катедра во градот Мелетина и протеран на Херсонез, каде и го заврши својот земен живот. Тоа се случи во 816 години.
