Свети Јаков е брат на богословот и евангелистот Јован. Тој беше меѓу неколкумината најблиски Христови ученици. Со него беше на Гората на Преображението, во Гетсиманија…
Него и брат му Јован Христос ги нарече синови на громот, поради нивната искрена и пламена вера.
Се вчитува...
По Христовото вознесение тој останува во Ерусалим, а од книгата Дела апостолски дознаваме за неговата маченичка смрт во времето на Ирод Агрипа Први (44 година). Подоцна, моштите му се пренесени во Шпанија.
Постои предание дека таму и проповедал, но не може да се земе како веродостојно.
