Лукијан беше скоро целиот свој живот идолски жрец. Поверува во Христа дури во својата старост, случка што ја зачуди цела тогашна Никомидија.
Како христијанин тој беше изведен на суд и фрлен в затвор, каде што се сретна со четири момчиња, исто така христијани Клавдиј, Ипатиј, Павле и Дионисиј.
Се вчитува...
Сите тие пострадаа заедно во Византион. Свети Лукијан беше распнат на крст, а момчињата обезглавени.
Некоја девојка Павла ги зеде јавно телата на мачениците и чесно ги погреба, поради што и таа беше погубена. Мачеништвото на светите Лукијан, Клавдиј, Ипатиј, Павле, Дионисиј и Павла се случи меѓу 270 и 275 година.
