Денеска започнува седницата за обновување на довербата на Владата на Грција

Во 12 часот по локално време, Во грчкиот Парламент денеска во 12 часот треба да започне седницата за обновување на довербата на Владата, по барање на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, а се очкува истата да заврши утре гласање доверба.

Седницата беше презакажана од 10 во 12 часот,  по барање на лидерот на „Независни Грци“за да може да ја заврши церемонијата на примо-предавање на министерската позиција во Министерството за одбрана.

Обраќање на седницата ќе имаат лидерите на политичките партии, а ќе ја отвори премиерот.

За Владата на Ципрас да добие доверба, потребно е позитивно да гласаат 151 од 300 пратеници колку што има грчкиот Парламент.

Извор: ТВ21