Десет знаци кои покажуваат дека не поднесувате глутен

Се проценува дека речиси 40 отсто од светската популација е нетолерантна на глутен. Доколку имате некои од следните симптоми тоа би можело да значи дека и вие спаѓате во таа група и треба да посетите лекар.

– Попречувања во дисгестивниот систем, како што се гасови, подуеност, ретка столица, па дури и тврда столица (најизразено е кај децата по конзумирање глутен);

– Кератоза пиларис (позната и под името „пилешка кожа“) на рацете;

– Замор или умор по оброците што содржат глутен;

– Дијагноза на автоимуно заболување, како што се Хашмитов тиродитис, ревматичен артистис, лупус, псоријаза, улцериозен колитис, скелодерма или мултиплекс склероза;

– Невролошки симптоми, како што се вртоглавица или чувство на губење рамнотежа;

– Хормонска нерамнотежа;

– Зачестени мигрени;

– Дијагноза на хроничен замор;

– Воспаление, оток или болка во зглобовите (прсти, колена, колкови);

– Проблеми си расположението, како што се анксиозност, депресија и промени во расположението.

Глутенoт е протеин кој се наоѓа во пченицата, р`жта, јачменот и овесот. Составен е од белковините глиадин и глутенин кои постојат поврзани со скроб во ендосперма на некои житни и зрнести култури. Овие два белковини градат околу 80% од белката во житни снегулки и се главната причина за развојот на глутенова ентеропатија.

Еден на триста луѓе на возраст меѓу 30 и 45 години развива интолеранција на глутен, а настаните симптоми се толку силни, што треба да побараат специјализирана помош.

Глутеновата ентеропатија се карактеризира најчесто со тежок пролив и силно намалување на тежината.

Храна што содржи глутен

За подобра превенција против појава на алергичен шок поради употребата на глутен е потребно да се читаат етикетите на производите.

Но, дури и тогаш нема сигурна гаранција, бидејќи главните извори на опасниот протеин влегуваат во составот на голем број прехранбени производи. Некои од овие производи се користат како помошни и нивната употреба не е означена во содржината.

Едни од најчесто конзумираните опасни храни се :

– Бело брашно (тип 500, 1150, 1050 и др), грашок

– Пченица

– Булгур

– Durum – вид пченица со цврсти жолти зрна се користи широко за производство на тестенини и шпагети.

– овес – за него е утврдено дека содржи одредена количина протеини, сличен на глутен, но не секогаш може да предизвика реакција кај луѓето со утврдена неподносливост.

– јачмен и \’рж – слично на овес, тие исто така содржат протеин, сличен на глутен, и ако е можно треба да се избегнува нивната потрошувачка.

– грис, пченка и секаков вид пасти кои се подготвени од пченица.

– различни зачини: бакпулвер, црн пипер, во додаток на натриумов глутамат; соја сос, кој обично се добива при процесот на ферментација на соја грав со пченично брашно.

– житни закуски и пченкарни стапчиња кои содржат јачмен за подобрување на вкусот.

– како и сите останати производи на етикетите на кои е наведено содржина на пченични никулци, скроб (хидролизирани, модифицирана, растително), растителни протеини: марципани, пудинги, житни каши, колачи, малцови екстрати, Боза и др.

– Исто така кечап, сенф, различни сосови, инстантно кафе, колбаси, па дури и пиво.

Во што се изразува глутеновата нетолеранција?

Во раното детство глутеновата нетолеранција се пројавува во моментот кога се врши транзиција од млеко кон јагленохидратна храна.

Глутеновата нетолеранција претставува автоимуно заболување, генерирана од потрошувачката на храна која содржи пченично брашно, како и други состојки врз основа на различни житни култури.

Болеста предизвикува атрофија на слузницата на тенкото црево поради намалената активност на ензимите во цревата. Како резултат се нарушува нивната способност за вшмукување на хранливите материи.