Напаѓачот предизвикал крвопролевање во компанијата „Хенел“ во германскиот град Бад Фридрихшал, јавуваат германските медиуми.
Во вторникот околу 17:45 часот, маскирано и вооружено лице влегол во фабриката на улицата Сименсова, во делот на градот Коендорф. Според Билд, во таа фабрика во Бад Фридрихшал во Баден-Виртемберг се произведуваат прецизни запчаници.
Што точно се случило внатре во зградата сега ќе треба да разјаснат инспекторите за убиства. Она што е познато е дека, според полицијата, двајца мажи биле убиени од истрели од маскиран напаѓач во фабриката, додека третиот се здобил со повреди опасни по живот. Според првите сознанија од истрагата, жртвите биле вработени во компанијата.
Специјални единици на терен
Полицијата излезе на терен со голем број припадници, а во акцијата учествуваат и хеликоптер и специјална единица (СЕК).
Напаѓачот успеал да побегне, а потрагата по него е во полн ек. Во некои делови на градот Бад Фридрихшал се поставени блокади на патиштата.
Полицијата преку платформата Х ја информираше јавноста дека нема опасност за населението. Полициски службеници ги евакуирале работниците од зградата на фирмата „Хенел“ и ги испрашувале на блиската бензинска пумпа. На лице место се присутни и експерти за кризни интервенции.